-->
-->
Алиу на Cамитот за Oтворено владино партнерство: Дигитализацијата ги намалува можностите за корупција
-->
Министерoт за информатичко општество и администрација Азир Алиу кој се наоѓа во официјална посета во Естонија, учествуваше на Светскиот самит за Отворено владино партнерство.
Во рамки на Самитот, министерот Алиу, како што соопшти негоивот Кабинет, учествуваше на тркалезната маса „Поддршка на лидерството и катализирање на глобалната акција против корупцијата“.
-Технологијата е исклучително моќна алатка во борбата против корупцијата. Развојот на платформи и апликации значително помага во подобрувањето на транспарентноста на владините процеси. Корупцијата не познава граници, затоа е неопходна меѓународна соработка. Одлуките и активностите преземени на глобално ниво можат да имаат големо влијание во борбата против корупцијата, рече Алиу.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинет за убиствата на Вања и Панче е во болница, неизвесно е дали ќе има судење
-
Стримичани вода за пиење ќе добиваат преку цистерни и канистери
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС
-
ОКТА со современа лабораторија ќе го испитува квалитетот на дизелот
-
Отворен регионален центар К9 за дресирање кучиња во Ѓорче Петров
-
Поднесено обвинение против две лица за дивоградба во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Се стопираат огласите со „Балансерот“ критериумите - Министерство за администрација издаде насоки до институциите