Алити предлага да се отповика одлуката за распуштање на Собранието

Потпретседателот на Собранието и пратеник на ДУИ Рафиз Алити денеска најави инцијатива за, како што посочи, усвојување одлука за отповикување на одлуката за распуштање на Парламентот изгласан на 18 јануари годинава.
Алити во Собранието разговара за обезбедување потписи од пратеници за поддршка на неговата иницијатива. За таа да стане официјална односно да биде поднесена потребни му се минимум 20 потписи.
Пратеникот на ДУИ рече дека го информирал претседателот на Собранието Трајко Вељаноски дека има иницијатива за која ќе разговара со пратеничките групи. Предложената одлука, според Алити, нема да содржи одложено распушатње на Парламентот односно нов датум за избори, туку ќе се остави простор партиите меѓусебно да се договорат во координација со меѓународните претставници.
Координаторот на ДПА Имер Алиу рече дека тој не разговарал со Алити и оти нема информација за инцијативата, но потсети дека пратениците на ДПА не гласаа за распуштање на Парламентот. Доколку дојде до нив каква било иницијатива тие, според Алиу, сериозно ќе ја разгледаат. За нив се важни гаранциите на странците и тие нема да учествуваат на избори организирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Од СДСМ, пак, посочуваат дека тие нема да поддржат иницијатива што ќе содржи нов датум на избори.
Од ВМРО-ДПМНЕ засега не ја коментираат иницијативата.
Лиле Поповска од ДОМ вели дека ќе поддржи иницијатива за одложување на датумот за избори, но дека до овој момент таа не ја добила на писмено иницијативата на Алити. Претходно, и ДС соопшти дека би поддржала поништување на одлуката за самораспуштање на Собранието.
Собранието на Република Македонија, според одлуката што ја донесоа пратениците на 18 јануари, вечер на полноќ трeбa да се распушти со цел одржување предверемни парламентарни избори на 24 април, согласно договорот од Пржино.
Ново на Сител
-

Мицкоски објави специјално видео за независноста, Филипче тврди дека се слават успесите на СДСМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од политичката некултура
-

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило
-

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
