„Алиталија“ денеска откажа 200 летови заради штрајк на персоналот
Италијанската авиокомпанија „Алиталија“ (Alitalia), што се наоѓа на работ на банкрот, соопшти дека откажала 200 денешни летови на внатрешните и меѓународните линии заради штрајк на дел од персоналот, пренесоа француските медиуми.
Во меѓувреме е најдено алтернативно решение за 80 проценти од засегнатите патници, информира компанијата на својот сајт.
Авиопревозникот, што со години трупа загуби, на молба на акционерите и со одлука на Министерството за транспорт на 2 мај премина под административна управа. Тоа се случи откако синдикатите го отфрлија планот за преструктурирање, што предвидуваше кастрења на 1.700 позиции и намалување на платите за осум отсто за дел од персоналот.
Италијанската Влада, која исклучува секаква можност за национализација, бара купувач за целата дејност или за дел од друштвото, во кое авиокомпанијата „Итихад“ (Etihad) од Обединетите Арапски Емирати поседува 49 проценти, а останатите 51 процент се контролираат од конзорциум од италијански компании.
Денешниот штрајк, закажан од пред неколку недели, се совпадна со преговорите за параметрите на процедурата за прогласување технолошки вишок, што пред неколку дена ја објави „Алиталија“ за 1.358 свои вработени од вкупно околу 12.500 вработени во компанијата.
Некои вработени протестираат и против неисплаќање на премиите во платите за мај, иако тројцата администратори ветија дека од идниот месец ќе ја нормализираат ситуацијата.
На почетокот на мај „Алиталија“ од Владата доби 600 милиони евра кредит, што ќе овозможат гарантирани летови во следните шест месеци, потсетуваат француските медиуми.
Ново на Сител
-
Предметот за „Пулс“ е донесен во Кривичниот суд, следи оцена на обвинението
-
Собраниска расправа за ребалансот, поднесени над 200 амандмани
-
Во Кичево ќе се гради нов Клинички центар
-
Неправилности во здравството можат да се пријават на веб страницата на министерството
-
АХВ го демантира градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов
-
Разговор со Маријана Милевска, проектна менаџерка во програмата за Обединетите нации
-
Почна расправата за ребалансот на Буџетот
-
Мицкоски: Се бориме да го вратиме тоа што го продаде опозцијата