Алијанса за Албанците: Продолжува традицијата со манипулација на вработување

Не само што продолжува, туку се чини дека нема намера да се запре традицијата со манипулација на вработување!
Во огласот на Агенцијата за Храна и Ветеринарство, на крајот на огласот во делот за напомена се вели дека според годишниот план на институцијата работната позиција предвидува вработување на Албанец/ка.
Но, во одлуката за избор на административен службеник за позицијата соработник за контакт со потрошувачите, е избрана Билјана Котеска, Македонка.
Оваа одлука е доказ за непочитување на албанската работна сила и уште полошо манипулирање со бројот на албански вработени!
Алијансата за Албанците реагира на оваа одлука и бара од Агенцијата за Храна и Ветеринарство уште еднаш да го објави огласот за оваа позиција и според законот да вработи Албанец/ка во овој секторот.
Ние како Алијанса за Албанците сметаме дека албанската работна сила, е сила присутна во државата составена од стручен персонал, кој седи дома, затоа што оваа влада секогаш избира да ја фаворизира македонската страна.
Во оваа прилика, бараме албанската владејачка партија да не стане играчка на македонската влада за свои интереси, туку да преземе мерки против ваквите активности.
Алијанса за Албанците ќе продолжи да реагира силно на ваквите манипулации, барајќи соодветна застапеност на Албанците во јавните институции.
Ново на Сител
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
-

Од паднатите дрвја од невремето ќе се создаде нов моторички парк за деца и млади на Водно
-

Ќе се спроведе стручен надзор за породувањето на Станка која остана неподвижна со вклучен експерт од соседството
-

Германец со дрон снимал караула на АРСМ во Радожда
-

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот
-

Санација на детските игралишта и урбаната опрема низ Кисела Вода
