Алијанса на Албанците за ослободувањето на Мијалков: Ова е најцрниот ден на правдата во земјата

Судството контролирано од режимот СДСМ-ДУИ успеа да триумфира против правдата и граѓаните. Сашо Мијалков, главниот партнер на овој режим, со одлука од Апелациониот суд конечно е пуштен на слобода.
Овој ден ќе се памети како најцрниот ден на правдата во земјата. Денес, криминалот, корупцијата и режимот се соединија за да го спасат од правдата нивниот кум, додека стотици граѓани се држат безправно по затворите. Денес, министерот и заменик министерот за неправда, Бојан Маричиќ и Агим Нухиу под итно треба да ги напуштат нивните позиции и да му се придружат на нивниот пропаднат шеф, Зоран Заев.
Ги уверуваме соучесниците во криминалот и челниците на овој режим дека многу брзо ќе дојде денот и ќе одговараат за секој криминал и неправда кон државата и нејзините граѓани.
АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ
Ново на Сител
-

Од утре до петок врнежи од дожд, а на планините од снег
-

МВР со детали: 27-годишникот што ја уби својата мајка сам се пријавил во полиција
-

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија
-

Трамп не се противи рускиот танкер да достави 730.000 барели нафта на Куба и покрај блокадата
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
-

Без вода објектот на „ЕГТ“
