Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп заслужува Нобелова награда за мир.
Алиев во интервју за телевизијата Ал Арабија рече дека заедно со ерменскиот премиер Никол Пашињан го номинирал Трамп за Нобелова награда за мир.
-Тој навистина ја заслужува. Како што реков во Вашингтон, за неколку месеци тој направи чудо во Африка, во Азија, на Јужен Кавказ. И тоа е во неговиот карактер. Тоа е неговата природа. Тој сака мир. Тој е личност која воопшто не се вклопува во традиционалната слика на западниот лидер, наведе Алиев, пренесоа РИА Новости.
Трамп посредуваше во потпишувањето на мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија во август во Белата куќа.
Алиев и Пашињан потпишаа заедничка декларација со која се обврзуваат на траен прекин на судирот, воспоставување трговски и дипломатски односи, како и меѓусебно почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет.
Во февруари, Трамп изјави дека заслужува Нобелова награда за мир.
Претходно, јужнокорејските медиуми јавија дека потпретседателот на парламентарниот разузнавачки комитет на Јужна Кореја, Парк Сунг-вон, го номинирал Трамп за Нобелова награда за мир.
Конгресменот Ерл Бади Картер поднесе официјално барање до Нобеловиот комитет за номинација на Трамп за Нобелова награда за мир поради неговите напори во решавањето на иранско-израелскиот конфликт.
Пакистанската влада, исто така, предложи номинација на Трамп за Нобелова награда за мир поради неговото посредување во конфликтот меѓу Пакистан и Индија.
МИА
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
-
МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
-
Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево
-
На Табановце се чека околу 30 минути
-
Унгарија ја тужи ЕУ за користење на каматата од замрзнатите руски средства за помош на Украина
-
Еден починат и тројца повредени во сообраќајка кај Градско
-
Трамп сака да го ограничи времетраењето на визите за странски новинари и студенти
-
Во изминатото деноноќие приведени три лица за управување со возило под дејство на алкохол