Али Ахмети: Честит Рамазан Бајрам

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети упати честитка до сите верници од исламска вероиповед по повод големиот празник Рамазан Бајрам.
– Дозволете ми во името на сите нас при Демократската Унија за Интеграција да ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам со најискрени желби за прифатен пост и молитви, здравје, среќа и благосостојба во вашите семејства.
Денешниот празник доаѓа по светиот месец на постење и претставува прослава на хуманоста, на подавање рака, на грижата, на обединувањето, солидарноста преку вербата во Бога.
Во овие тешки и непредвидливи времиња, да бидеме повнимателни и да се молиме еден за друг и за човештвото воопшто за да го надминеме овој предизвик што е можно поскоро и полесно, и да се вратиме заедно во нормалноста и животот каков што го знаеме и сакаме.
Посакувам овие празнични денови да ги поминете со своите најсакани, да се сакаме, почитуваме, грижиме и помагаме еден со друг рефлектирајќи кон општото добро со верба во Господ, се вели во честитката од лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Ново на Сител
-

28 пожари на отворен простор, 11 се уште активни
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Преглед на вестите од светот
-

30 дневен притвор за возач од СОЗР поради примање мито
-

Пожарите не стивнуваат: Пламените јазици кај месноста Рамно, нов предизвик за скопските пожарникари
-

ВМРО-ДПМНЕ направи споредба на економските политики со претходната власт
-

Се зголемува бројот на семејно насилство, институциите не можат да направат навремена проценка на случаите
-

Портокалово предупредување, висок пожарен ризик
