Алгел: Вевчанскиот карневал уникатен и со традиција

Групни и индивидувални маски почнаа да се движат низ вевчанските улици. Полека се собираат кон збирното место, односно почетокот на селото од каде традиционално ќе тргне дефилето на Вевчанскиот карневал.
Претседателот на Федерацијата на европски карневалски градови, Ларс Алгел, втора година присуствува на карневалот и го оценува како уникатен со вековна традиција.
-Вевчанскиот карневал е нешто уникатно, традицијата е многу стара. Мислам дека е најстар Карневал во Европа. Бев овде минатата година и беше толку убаво. Моите сеќавања се прекрасни. Некои луѓе ме прашуваат што е најдобро? Најдобро е да се има уникатен карневал и со оваа традиција единствен во Европа, тоа е неверојатно, рече Алгел.
Градоначалникот Спасе Кочовски очекува уште едно успешно карневалско издание.
-Се надевам дека ќе поминеме уште еден од нашата плеада убави денови. Денес и утре ќе биде забавно во Вевчани и ќе ја почнеме новата година со нова енергија, истакна Кочовски.
За темата и содржината на маските вели дека не знае, но и доколку се препознае во маските рече дека ќе го прифати нормално.
-Ако сум згрешил нешто ќе го видите и тоа. Незнам какви маски ќе има. Ќерка ми се маскира, но незнам во што. Во една куќа се маскираат во друга, ја довршуваат маската со шминки, рече Кочовски.
Тој вели дека иако имал состанок со двете василичарски групи Горна и Долна маала, не може да им сугерира во однос на содржината на маските. Сепак, вели Кочовски, Вевчанскиот карневал е татар на отворено и не треба да има лутење. Целта на карневалот, нагласува, не е навредување кон никој.
Бројот на маски, учесници на карневалот, според туризмологот Александра Велкоска, расте поради учеството на се помали дечиња. Годинава најмалиот василичар е три месечно девојче.
-Бројот на маскирани никогаш не го знаеме, ниту пак знаеме какви ќе бидат маските. Во тоа е и убавината на карневалот, во неговата спонтаност и таинственоста на маските се до дефилето, вели Велкоска.
Дефилето под маски се очекува по 14 часот кога двете василичарски друштва Горна и Долна маала ќе тргнат од влезот на селото, традиционално предводени со зурли и тапани, зетот, невестата, двата ѓаволи, Глупавите Августи. По нив се движат останатите маски инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања.
Секое карневалско издание за вевчанци е доживување. Инспирација за изработка на маските црпат од актуелните случувања во годината што изминала. Вевчанци ќе кажат се, но до дефилето не откриваат во што ќе се маскираат.
Манифестацијата завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, на 14 јануари.
МИА
Ново на Сител
-

Министерство за транспорт: Сите патни правци се проодни, оние каде паѓа снег континуирано се чистат
-

Ердоган за време на разговор со Трамп: Турција внимателно ја следи ситуацијата во Сирија
-

Најмногу снег на Попова Шапка
-

Ѓорѓиевски: Снегот не е изненадување во зима, подготвеноста е наша обврска | ФОТО
-

Американската војска заплени седми танкер поврзан со Венецуела
-

Во Кривичен пресуда за случајот „Геријатрија“
-

Утврдување на предлог-одлуки за избор на нови состави на ДИК и КСЗД
-

Уставниот суд ја одржува првата седница во 2026 година – на дневен ред девет иницијативи за оценка на уставност и законитост
