-->
-->
Александар Вучиќ едногласно реизбран за лидер на Српската напредна партија
-->
Александар Вучиќ денеска едногласно е реизбран за лидер на Српската напредна партија (СНП) на првото отчетно-изборно собрание на партијата по изборите во април, на кои освои убедливо мнозинство, пренесе Танјуг.
Пред околу 4.000 делегати на собранието Вучиќ изјави дека СНП во последните неколку години се докажа како најодговорниот политички фактор во земјата, ставајќи ја Србија над своите партиски интереси.
-Храброста е тоа што ги разликува сериозните политички партии од оние кои кратко се појавуваат на сцената и постојат само заради себе самите, изјави Вучиќ.
Тој вети дека и во иднина партијата нема да се впушта во празни прикаски, туку ќе се концентрира врз поголемата ефикасност и уште понапорна работа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска