Алек Болдвин се изјасни невин за убиство од небрежност
Глумецот Алек Болдвин се изјасни невин по обвиненијата за убиство од небрежност во пукањето на снимањето на филмот „'Рѓа“, во коешто снимателката Халина Хачинс беше убиена, а режисерот Џоел Соуза беше ранет.
Болдвин ја отфрли одговорноста за смртта на Хачинс, инсистирајќи дека му било кажано дека пиштолот е „ладен“, што значи дека во него има само празни куршуми, и дека оружјето пукало иако тој не го повлекол чкрапалото. Обвинителите тврдат дека побарале обвинение откако независно форензичко проучување утврдило дека пиштолот не можел сам да испука куршум доколку не се повлече чкрапалото.
Исказот на Болдвин уследи неколку дена откако специјалната обвинителка Кари Морисеј покажа фотографии што посочуваат дека вистински куршуми биле донесени на сцената од страна на управувачот со пиштолот за потребите на филмот, Хана Гутјерез.
Според сведочењето во судницата и полициските записи, Гутјерез ракувала со пиштолот пред да му го предаде на помошникот-режисер, Дејвид Холс, кој му рекол на Болдвин дека пиштолот е „ладен“.
Гутјерез се соочува со посебно обвинение за убиство од небрежност и судење од 21 февруари, додека Холс се изјасни за виновен и доби шестмесечна условна казна поради небрежна употреба на смртоносно оружје.
Ново на Сител
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот