-->
-->
Алегри: За 1/4 финале мора да победиме во Минхен
-->
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри изјави дека верува во способностите на неговиот и се надева на победи против Баерн во Минхен во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Јувентус синоќа во Торино успеа да избегне поразот од Баварците, иако гостите водеа со 2:0, но во вториот дел во период од само 12 минути „Старата Дама“ стигна до 2:2.
- За да се биде пласираме во следната рунда ќе мора да победиме во Минхен. Одигравме многу добро на првиот меч и треба да ја повториме во реваншот игра од второто полувреме. Ние веруваме дека имаме шанса, а право да се надеваме ни дава враќањето од два гола негатива, изјави Алегри по натпреварот.
Тој порача дека неговите фудбалери треба повеќе да веруваат во сопствениот квалитет, па дури и против Баерн кој беше фаворит.
Реваншот е закажан за 16 март во Минхен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Oдбележување на Денот на народното востание
-
Трамп најави нови 100 отсто дополнителни царини за увозот од Кина
-
Се интензивира кампањата за Локалните избори
-
Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка
-
Стартува Системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната
-
Променливо облачно
-
Алиу донесе решение за разрешување на директорот на Клиниката за неврологија, Кузмановски
-
Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори