Балкан
22. March 2020 - 17:15

Албанските градови празни

Вчера и денеска, кога владата прогласи полициски час од 13 до 5 часот наутро, „цела Албанија е во карантин“.

Оваа констатиција ја пренесуваат албанските медиуми поради фактот што во цела земја владее тишина.

Тоа го потврдуваат снимките и фотографите од кои може да се види дека по улиците може да се забележат само полицијата, армијата, возилата на специјалните државни служби и по некоја медумска екипа.

-На 14-от ден по појавата на коронаврусот во Албанија улиците се празни. Семафорите работат попусто бидејќи нема пешаци, ниту возила по улиците,наведува телевизјата Ора њуз.

За „непослушните“ поради непочитување на препораките и мерките следуваат казни. Само во последнте 24 часа изречени се 154 парчни казни во висина од по 10.000 леки, додека на 129 лица им се одземени возилата и возачките дозволи.

Доколку евентуалнте групи граѓани не се разотидат по советот на полицијата, Владата дозволи полицијата да употреби и солзавец.
Во земјата по ново дјагностицраните 13 случаи на коронавирус, бројот на заразените со овој опасен вирус се зголеми на 89. Тројца од заболените се веќе излекувани, додека двајца починаа.