Албанскиот Советот за безбедност ќе расправа за проблемот со марихуаната
Албанскиот претседател Бујар Нишани најави дека ќе го свика Националниот совет за безбедност на Албанија, бидејќи, според него, состојбата со марихуната во земјата е „многу загрижувачка, не само за албанските власти, туку и за партнерите“.
- Тоа е сериозен феномен. Тоа е феномен, кој несомнено доби национални размери и токму поради тие размери и загриженоста не само нај полицијата и разузнавачките служби на земјата, туку и на партнерските држави, одлучив набрзо да го свикам Националниот совет за безбедност за да разговараме за проблемите и начинот на кој треба да се соочиме со овој сериозен предизвик во нашата земја, изјави Нишани.
Како што јави дописникот на МИА, најавата на шефот на албанската држава за свикување седница на Нацоналниот совет за безбедност, дадена во северниот град Скадар, доаѓа во мигот кога партиите во владиното мнозинство по се изгледа се поделени во врска со стретегијата што треба да се примени во борбата против марихуана.
Албанскиот министер за правда Или Мањани, кој е од редовите на помалиот вцладин партнер, Социјалистичкото движењето за интеграција, побара итно вклучување на војската во акциите за уништување на марихуната, но тоа не беше прифатено од министерката за одбрана Мими Кодли, која е од редовите на Социјалистичката партија.
Ново на Сител
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот