Албанскиот ЦУК во целосна готовност поради најавата за поларни температури
Албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши изјави дека Центарот за управување со кризи е во состојба на готовност, бидејќи се очекува поларен студ да ја зафати земјата, јави дописничката на МИА од Тирана.
Метеоролозите најавија дека во наредните денови во Албанија температурите може да паднат и до -18 степени целзиусови пред сè во северниот и североисточнот дел, а минусни температури ќе има и на целата територија на земјата, какви што биле забележани во 1990 година.
Живата во термометарот во Тирана се очекува да се спушти до – 8 степени целзиусови, блиску до нула во крајбрежните области, како Драч, додека во Валона се очекуваат температури до -1 степен целзиусов. Најниски температурите се очекуваат во понеделник.
Министерството за одбрана апелира до граѓаните, особено оние во одалечените области, да ги следат советите на штабовите за вонредни состојби во нивните општини за да избегнат сериозни ситуации.
Министерката за образование Евис Куши вчера соопшти дека од понеделник до среда идната недела училиштата во земјава ќе бидат затворени поради најавата за екстремно ниски температури.
Ново на Сител
-
Зеленски: Поканата на Путин значи дека тој не сака средба
-
СВР Тетово го расчисти случајот во кој беа нападнати двајца малолетници
-
Македонските фудбалери поразени од Саудиска Арабија
-
Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир
-
Русија протера естонски дипломат
-
Почина италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани
-
Гаши за утре закажа седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР
-
Министерот Тошковски на средба со амбасадорката Агелер: Потврдена силна поддршка од САД за реформите во МВР