Албански бизнисмен вмешан во коруптивен милионски тендер на Владата во Зимбабве
Албански бизнисмен е вмешан во корупцискиот скандал, што ја тресе Владата во Зимбабве, за набавка на медицинска опрема и средства за справување со пандемијата со Ковид19.
Станува збор за Клодијан Мертири, кој користел лажен идентитет Илир Дедја,а бил вмешан во корупциската афера на два тендера во вредност од 60 милиони долари,за што беше уапсен и тамошниот министер за здравтсво.
По Мертири, веќе е распишата меѓународна потерница.
Во Зимбабавме се претставувал под лажниот идентитет, Илр Дедја, бил акционер во компанијата „Дракс сагл“ која била во сопственост на африканецот Далиш Нгујава, претходно осудуван за перење пари.Тендерите ги добивал порди поврзаноста со синот на претседателот на Зимбабве, јавуваат албанските медуми.
Мартири, ја поседувал и компанијата „Дракс нтернационал“ со седиште во Швајцарија и во Дубаи, влегол во договор со компанијата Нетарфарм во Зимбабве, откако го добил тендерот од 60 милиони американски долари медицинска опрема и средства во борбата против Ковид19, но по цена до десетпати поголема од онаа на пазарот.
Од оваа „зделка“ од Зимбабве добил два милона долари ,кои ги трансферирал од Дубаи на островот Маурициус.
Ново на Сител
-

Мерц побара Иран да престане да го дестабилизира Блискиот Исток
-

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h
-

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
-

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
