Албански азиланти уапсени во Германија поради серија кражби
Германската полиција уапси група албански азиланти, кои во градот Линген, каде биле сместени, ограбиле најмалку 40 домови.
Според албанските медиуми, како што јави дописникот на МИА, уапсени се вкупно 22 албански азиланти, кои биле сместени во два објекти во Линген, а во тек е идентификувањето на уште 19 други.
Уапсените албански азиланти се на возраст од 19 до 38 годони, при што тројца од нив, на возраст од 21, 23 и 38 години, се главно обвинети, бидејќи извршиле повеќе кражби. Едниот од нив се смета за водач на групата крадци, кои извршиле и најмногу кражби.
Постојат основи за сомнеж дека во периодот од мај до август годинава, тие ограбнле најмалку 40 домови во градот Линген. Цел на кражбите биле златен накит, пари, мобилни телефони, лап топи и други вредни предмети.
Ново на Сител
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро