Албанската полиција со дронови откри „стаклена градина“ со повеќе од три илјади садници канабис среде шума во Лежа
Тимови на албанската полиција опремени со беспилотни летала, кои продолжуваат со интензивни контроли на целата територија, во атарот на градот Лежа откриле повеќе од три илјади садници канабис сатива.
-Тимовите специјално поставени од полицијата во Лежа за спроведување на оперативниот план на територијата на државата, со фокус на превенција, откривање и сузбивање, уште во почетна фаза на обиди за одгледување наркотични растенија, продолжуваат со интензивни контроли на целата територија. Во планински предел на селото Унгреј откриени беа над три илјади садници канабис сатива, подготвени за расадување, кои се уништени со палење, наведува полицијата.
Во рамки на полициската мега-операција „Слика“ само во овој дел од земјата откриени и уништени се околу пет илјади садници и стебла на канабис.
На целата територија на Албанија, која се уште се смета за најголем производител на марихуана на европско тло, за кус период, уништени се околу 20 илјади стебла, засадени главно во планински тешко достапни предели.
Ново на Сител
-
Жителка на Уганда родила близнаци на 70 години
-
Девојчиња на 13 и 14 годишна возраст вчера исчезнале во Калитеа
-
Ковачевски: Од денеска повторно дневна евтина тарифа, дополнителни заштеди од 1.000 денари по семејство
-
Усвоени измени на Уредбата за канцелариско и архивско работење
-
Протест на штипските пензионери за линеарно зголемување на пензиите
-
Блокиран патот Градско - Прилеп кај село Дреново во двата правци поради протест
-
Мухамед Зеќири доби казна затвор од две години и шест месеци
-
Во 2022 над 110.000 луѓе се заразиле со ХИВ во Европа