Албанската опозиција не се враќа во Парламентот без нов договор
Пратеничката група на албанската опозициска Демократска партија соопшти дека нема да се врати во Парламентот, за да гласа за реформите во правосудството, без да се постигне нов договор, јави дописникот на МИА.
Оваа одлука е донесена на итно свиканата седница од страна на лидерот Љуљзим Баша, кој ги информирал пратениците околу новиот предлог даден од американксиот амбасадор Доналд Лу и евоамбасадорката Романа Влахутин.
Според тиранската телвиија Топ чанел, кога приситгнал во седиштето на партијата, Баша пред медиумите не изнел детали околу новиот прелог на дипломатите.
Претходно, Баша беше на средба со Лу, Влахутин и спикерот на парламентот Илир Мета, што ја иницираше Мета, а на која одби да присуствува лидерот на владејачките социјалисти и актуелен премиер Еди Рама.
Половина час од почетокот на средбата од просторијата излезе Мета, а по повеќе од час потоа и дипломатите и Баша, кој и тогаш одбил да даде изјава, по што веднаш ја свика парламетарната група.
Во меѓувреме по прекинот на седницата и повлекувањето на дипломатите, Мета и Баша, како што јавуваат медиумите, со наведната глава, Парламентот го напуштил и Рама.
Засега се уште не е јасно дали реформите, кои беа подготвувани 18 месеци, и по напорите и апелите на САД и ЕУ, ќе бидат усвоени, иако дел од медиумите наведуваат дека „денеска паднала Владата“ и оти земјата е пред вонредни парлаентарни избори.
Ново на Сител
-
Приведени 4 лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Во изминатите 24 часа 33 пожари на отворено од кои 16 се изгаснати, а пет под контрола
-
Израел почнува „тактичка пауза“ на воените дејствија во три области во Појасот Газа
-
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа
-
Официјално: Ѓекереш нов играч на Арсенал
-
Македонија по втор пат подобра од Швајцарија
-
Сончево и топло, попладне услови за дожд