Албанија „заробена“ во снег и мраз
Температури од минус 15 степени, снежна покривка и до два метра во руралните средини, блокирани патни правци, забрана за движење на тешки товарни возила на сите национални патишта, откажани летови од аеродромот во Тирана, забранет поморски сообраќај, повеќе област без струја, е кусиот биланс од состојбата во Албанија по обилните снежни врнежи и ниските температури.
Сите надлежни служби, како што информираат од Владата, од синоќа се во целосна готовност за ублажување на состојбата, посебно во расчистување на патиштата и санирање на дефектите во електромрежата.
За санирање на дефектите, како што соопшти албанската Електродистрибуција на терен се 2.000 вработени кои работат на далноводи, столбови и електрични кабини. Посебно се ангажирани за нормалното напојување со електрична енергија на здратсвените установи.
Максимална ангажраност побара и шефот на државата, Илир Мета.
– Апелирам на максимална ангажираност на сите одговорни фунционери, чија задача е цивилната заштита, во исполнување на државната должност со тоа што ќе им помогнат на сите граѓани на кои им е потребна помош, апелираше Мета.
Од сообраќајната полиција апелираат до граѓаните да не патуваат без неопходна потреба, а доколку се принудени да бидат внимателни и да се придржуваат на условите на патот.
Утрово на автопатот Тирана-Драч жвотот го загуби 71-годишен пациент откако амбулантното возило со кое бил транспортиран излетало од патот.
Ново на Сител
-
Арбен Таравари си поднесе оставка од министерската функција
-
Притвор за дилер од Битола, продавал марихуана на деца
-
Лавров: Ситуацијата околу преговорите во Истанбул е интригантна, ќе има тешки разговори
-
Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста
-
Полицаец фатил 15-годишник како вози па бил нападнат од него и неговиот татко
-
Малолетник силувал 14-годишник во Карпош
-
Полицијата уапси три лица во Скопје, пронајдена марихуана, прашкаста и грутчеста материја
-
27-годишик од скопско загинал кога со возило удрил во столбче на патот па во баднера, која паднала врз возилото