Албанија подготвува прифатни центри за мигрантите

Албанија преземе мерки за полесно справување со бранот мигранти од Северна Африка, за кои се очекува дека ќе поминат низ земјата на пат кон Централна Европа, јави албанската новинска агенција АТА.
Албанија досега не беше една од земјите на мигрантската маршрута.
Во Корча и во Ѓирокастро интензивно подготвува логистика за прием на мигранти.
Во регионот на Корча на подрачјето на Билишти одредено е место за прием на мигранти кои би го преминале преминот Капштица.
- Не е исклучено и други објекти во Билишти или околината, кои се на Владата или на армијата да се стават на располагање за прием на мигрантите, изјави за АТА неименуван извор.
Во округот на Ѓирокастро обезбедени се простории за прием на мигранти со капацитет од 5.000 луѓе. Аеродромот во Гирокастро, но и воените објекти ќе бидат главните прифатни центри.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
