Балкан
15. July 2016 - 12:30

Албанија остро го осуди терористичкиот напад во Франција

Министертвото за надворешни работи на Албанија изрази силна осуда за терористички напад што се случи синоќа во Франција.

- Стоиме на страната на Франција, во борбата против тероризмот и ескремното насилство, стои во соопштението на Министертвото.

Министертвото соопштува дека Албанската амбасада во Париз информирала оти нема информации за настрадани државјани на Албанија во овој напад.

Во телеграмата со сочувство и солидарност упатена до претседателот на Франција, Франсоа Оланд, шефот на албанската држава Бујар Нишани наведува дека терористичкиот напад во Ница многу го потресол и револтирал.

- Најсилно го осудувам овој нехуман акт и во овие мигови на тага и болка, јас и албанскиот народ сме со Вас и францускиот народ. Длабоко сочувствуваме со Вас и семејствата и блиските на настраданите, а на повредените им посакуваме брзо заздравување, стои во телеграмата со сочувство на албанскиот претседател, Нишани.

Телеграми со длабоко сочувство упатија и албанскиот премиер Еди Рама, народниот правобранител Игли Тотозани, како и лидери на политички партии.