Балкан
18. April 2018 - 9:01

Албанија ја поздрави препораката на ЕК за почнување преговори за членство

Албанија ја поздрави препораката на Европската комисија за почнување преговори за членство и признава дека и претстои тежок пат пред членство во Унијата.

Премиерот Еди Рама изјави дека препораката покажува оти државата „на крајот напушта крстопат меѓу минатото и иднината“.

На прес конференција тој изјави дека почнувањето преговори за членство означува „влез во нова потешка етапа на реформи и засилување на борбата со организираниот криминал и корупцијата“.

Албанија доби статус на држава кандидат за членство во 2014 година.