Албанија и Косово ги подржаа нападите врз Сирија предводени од САД
Албанија и Косово застанаа зад воздушнте напади врз Сирија што ги изведоа САД, Велика Британија и Франција.
Во реакцијата на претседателот на Албанија Илир Мета стои дека Албанија е на страната на западните сојузници.
- Ја подржуваме воената интервенција на САД, Францја и Британија врз хемискиот арсенал на криминалниот режим на Асад. Ние сме на страната на нашите сојузници и ја подржуваме одлучноста на претседателот Трамп во заштитата на човечките животи и човековите права, стои во реакцијата на Мета.
Подршка даде и Владата во Тирана преку Министерството за надворешни работи а не изостана ни поддршка за нападите од опозициската Демократска партија, која ги смета за целосно легитимни.
На иста линија со Албанија се и косовските институции и политичките партии.
- Косово ја подржува интервенцијата на евоатланските сојузници за да се спречи режимот на Асад во Сирија. Хемските напади врз невините цивили се неправедни, а обидот на демократските земји да воспостават мир во оваа земја е неопходна активност, смета косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
Косовските медуми наведуваат дека во нападите се користени идентични бомби како и при нападите што во 1999 година ги изврши НАТО врз Србија
Ново на Сител
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот