Алармантен пораст на бројот на исчезнати деца во Њујорк
Пријавите за деца кои исчезнале од училишта, автобуси или екскурзии во Њујорк двојно се зголемени, а оваа година тој број изнесува 457, соопшти канцеларијата на специјалниот комесар за надзор врз њујоршките училишта.
Најалармантните случаи за изчезнување на деца се однесуваат на ученици со посебни потреби и деца на возраст меѓу три и четири години, кои исчезнале од градинките. пишува весникот „Њујорк Пост“.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио ја прошири истрагата поради загрижувачкиот пораст на исчезнати њујоршки деца од училиштата, кој е за 279 случаи поголем отколку во 2014 година, како резултат на слабиот надзор поради што децата се наоѓаат во голема опасност.
Иако њујоршкиот Градски совет во ноември минатата година инсталира 21.000 аларми на вратите во 1.200 училишта и градинки, повеќето објекти за чување на децата се необезбедени, така што децата, освен од киднапирање, исчезнуваат и поради самоволно излегување на улица.
Канцеларијата на специјалниот комесар за надзор на образовните установи соопшти дека добила извештаи за „предупредувањата упатени до секој воспитувач или одговорен наставник, на кој му се случило исчезнување на дете“.
Случаите кои најмногу ја вознемирија јавноста се ичезнувањето на едно девојче со аутизам, кое само излегло од училиште и чие тело потоа е пронајдено на речниот брег, како и случајот со тригодишно момче кое било земено од баба на друго дете, а која потоа го вратила во градинката со објаснување дека „премногу наликува на нејзиниот внук“.
Ново на Сител
-
Пронајдени црните кутии во урнатиот товарен авион на ДХЛ кај аеродромот во Вилнус
-
Сиљановска Давкова и Филипче разговарале за политичките и безбедносните состојби и деблокадата на евроинтеграциите
-
Република Северна Македонија избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје
-
Приведени кавадарчани, кај нив пронајдени детектори за метал и сомнителни предмети
-
Приведен кумановец кој ограбил неколку возила
-
Арсовска: Долгот на централните власти кон ЈСП следната година ќе достигне десет милиони евра
-
Сѐ уште не се применува новиот Закон за употребата на македонскиот јазик
-
По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, 61 годишна мајка на свет го донесе Петар, тежок 2350 гр.