Ал Каеда им се придружи на Талибанците

Авганистанското движење на отпорот во провинцијата Паншир соопшти дека терористичката организација „Ал Каеда“ се приклучила на движењето „Талибан“.
„Ал Каеда им се придружи на талибанците за да се борат против Авганистанското движење на отпорот. САД се повлекоа, историјата се повторува”, се наведува во соопштението на движењето на Твитер.
Претходно, телевизијата Ал Џазира објави дека талибанците одлучиле да започнат воена операција против силите на Авганистанскиот фронт за отпор во провинцијата Паншир.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека Москва се надева радикалното движење Талибан (терористичка организација забранета во Русија) да се откаже од реализација на своите планови за започнување операција во провинцијата Паншир и дека ќе започне дијалог со другите сили во Авганистан.
Претходно, Лавров изјави дека сите се заинтересирани талибанци и другите етнички и политички актери во Авганистан треба да постигнат едногласност во поглед на пораките што ги испраќаат до западните земји, Кина и земјите од Централна Азија, пренесе агенцијата ТАСС.
– Русија нема намера да се предложи себеси како посредник во преговорите меѓу талибанците и другите политички сили во Авганистан.Ние долго ги повикувавме талибанците и другите етнички политички групи во Авганистан да преговараат за создавање инклузивна преодна влада, изјави денеска Лавров.
Ново на Сител
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
