Ал Хусеин: Воздушните напади во Алепо се воено злосторство

Врховниот комесар за бегалци на Обединетите нации, Зеид Раад ал Хуеин ги означи денеска опсадата и бомардирањата во источниот дел на Алепо како злосторства „со историски размери“, кои се причина за жртви меѓу цивилното население и додаде дека тие се еднакви на воено злосторство.
Во видео обраќањето на вонредната седница на Советот на ОН за човекови права во Женева тој повторно ги повика големите сили да ги надминат несогласувањата и да се обратат до обвинителот на Меѓународниот казнен суд за ситуацијата во Сирија.
Паоло Пинеиро, претседател на Комисијата на ОН за истражување на нарушувањата на човековите права во Сирија, кој исто така говореше на седницата изјави дека Комисијата ќе продолжи со документирање на воените злосторства во Алепо и ја повика Владата на претседателот Башар ал Асад да достави информации за нарушувањата.
Ново на Сител
-

Преку фестивал на смоларскиот костен промовирани природните богатства на подбеласичкиот регион
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
