-->
-->
Ал Џазира тврди дека израелските ВВС нападнале врз предградие на Дамаск
-->

Израелски ВВС извршија ноќеска напад врз источно предградие на сирискиот главен град Дамаск, јави Ал Џазира. Ударот бил врз зграда во предградието Џарамана при што има загинати и ранети.
Меѓу загинатите е и Самир Кунтар, либански екстремист од Хезболах кој 28 години мина во затвор во Израел поради напад во Галилеја во 1979 година кога загинаа четири луѓе.
Израел го ослободи Кантар во 2008 година.
Сириската армија засега не соопшти за израелскиот воздушен напад. Државните медиуми јавија само за неколку проектили врз зграда во Џарамана за кое ги обвинија „терористички групи“. Нема коментар ниту од израелската воена команда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Студено наутро, сончево и релативно топло преку ден
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
