„Ал Џазира“ го тужи Египет за загуба од 150 милиони долари поради репресии врз новинари

Катарската телевизија „Ал Џазира“ го тужи Египет за драконските мерки на воениот режим врз нејзината дејност и нејзините новинари по соборувањето на претседателот Мохамед Морси во јули 2013 година.
Во соопштението на телевизијата се наведува дека „не постои друга алтернатива“ освен да се преземат судски дејствија преку Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови во Вашингтон.
Според компанијата, египетските власти и причиниле загуби од 150 милиони долари. Портпарол на египетската Влада одби да коментира на ова прашање, објаснувајќи дека властите се уште не биле запознати со барањето.
- Голем број новинари, кои работеа за „Ал Џазира“, беа подложени на малтретирања и апсења без обвиненија, или пак на лажни и политички мотивирани обвиненија, наведува телевизијата во своето соопштение.
По соборувањето на Морси од власт, Египет му ја одзеде акредитацијата на локалното дописништво на „Ал Џазира“ и изврши масовни претреси. Неколкумина новинари беа уапсени. На тројца од новинарите им се судеше и добија казни од 10 години затвор поради обвинение за членство во „Муслиманско братство“. Минатата година тие беа ослободени по силниот меѓународен притисок.
Телевизијата смета дека дејствијата на Египет се очигледно нарушување на обврските од двостраниот египетско-катарски договор за инвестиции.
Ново на Сител
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Воислав Димитровски, директор на „Лајка“
