-->
-->
Активности за увид на пристапот до безбедна вода во североисточниот регион
-->
Повеќе надлежни институции од шесте општини од североисточниот регион ќе пополнат податоци во т.н. бодовна картичка кои ќе покажат дали жителите од регионот имаат еднаков пристап до безбедна вода и санитација. Бодовната картичка ќе ја покаже фактичката состојба и ќе овозможи да се увидат и приоритетите за да може да се дејствува во иднина.
Преставниците од институциите ќе почнат да ги пополнуваат податоците деновиве, по што првичните резултати ќе треба да се презентираат во септември, годинава.
- Целта на изработката на оваа картичка е да се увиди кој се има пристап до безбедна вода и санитација, тука освен пристапот на урбаните заедници и руралните средини, ќе се увиди и пристапот до безбедна вода и за ранливите категории, социјално загрозените жители, изјави доктор Мимоза Величковски, специјалст по хигиена од Центарот за јавно здравје.
Изработката на бодовната картичка се спроведува согласно насоките дадени од Секретаријатот за протокол за води, чија што програма за работа 2014-2016, акцент става на промоворањето еднаков пристап до вода и санитарни услуги за сите членови на општеството, како и поддршка на земјите во подобрувањето на состојбите на малите системи на водоснабдување.
Во пополнувањето на картичката ќе учествуваат Центарот за јавно здравје Куманово и нивните подрачни служби од општините од североистокот, комунални претпријатија, општините, Центрите за социјални работи, секторите и одделенијата за животна средина и за образование. Крајна цел е подигнување на свеста кај надлежните институции за потребата од обезбедување еднаков пристап и прогресивно имплементирање на овие права на човекот и заштита на здравјето.
Освен во североисточниот регион, бодовна картичка ќе изработат и велешкиот и скопскиот регион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Четворица астронаути се вратија на Земјата по пет месеци поминати на Меѓународната вселенска станица
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека околу 40 минути
-
Жител од Трубарево осомничен за загрозување на безбедноста во сообраќајот
-
Студија: Врската на човекот со природата се намалила за 60 проценти во изминатите 200 години
-
Апел од ЈП Водовод и канализација скопјани рационално и внимателно да ја користат водата
-
Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро
-
Претседателот на Собранието ги распиша локалните избори на 19 октомври
-
18-годишник со мопед удрил во паркирано возило, тешко повредена неговата малолетна сопатничка