Активности за подобрување на водоснабдувањето во Виница
Во општина Виница во тек се градежни активности што ги реализира комуналното претпријатие „Солидарност“ за да обезбеди дополнителни количини вода за пиење за дел од жителите на градот и населените места.
Покрај постојните извори за јавната водоводна мрежа, при крај е поврзувањето на изворот Дончово Кладенче со што во текот на летниот период ќе се избегне недостигот од вода во горната зона на Виница.
- Со оваа инвестиција ќе оствариме заштеда на електрична енергија за околу шест пати, бидејќи сега водата се препумпува со неколку пумпи од седум киловати, а наскоро тоа ќе се прави само со една пумпа со притисок од 16 бари. Поврзувањето го правиме со нова цевка што ќе обезбеди поголем проток на вода, поради што очекуваме прекините во водоснабдувањето за дел од жителите да стане минато, истакна директорот на ЈКП „Солидарност“, Игор Христов.
Со поддршка од локалната самоуправа, виничките комуналци работат и на реконструкција на дел од главната водоводната линија за селото Јакимово, како и на цевководот од излезната линија кон селото Лески.
Паралелно со овие активности се комплетира и втората фаза од реконструкцијата на деталната водоводна мрежа во Виница во должина од 3,7 километри, при што се работи на приклучување на корисниците.
Покрај водоснабдувањето, од ЈКП “Солидарност“ најавуваат дека од почетокот на идниот месец ќе започне реконструкцијата на два крака во должина од 200 метри на канализациската мрежа во селото Трсино.
Ново на Сител
-
Приведен малолетник од Скопје, со употреба на сила одзел пари од едно лице
-
Има одредени зголемувања на цените во малопродажба, во големопродажба цените се вратени како пред одлуката, вели директорот на ДПИ
-
Лос Анџелес се раздели со Оливие Жиру
-
Димитриеска-Кочоска: Проектот за пругата од Коридорот 10 е комплексен, до 7 јули банките треба да ги достават понудите
-
Приведен 41-годишен велешанец, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
Умеров: Украина може да произведува четири милиони дронови годишно
-
Приведени тројца возачи, управувале со возило под дејство на алкохол
-
Од понеделник потопло со пораст на дневните температури