-->
-->
Активности во Куманово за Меѓународниот ден на борба против гладта
-->
Под мотото „Помислете и на нас! " во рамки на Меѓународниот ден на борба против гладот, волонтери на општинската организација на Црвениот крст Куманово на терен помеѓу бизнис заедницата и граѓаните, започнаа сособирање средства кои ќе ги донираат на социјално ранливи категории граѓани.
- Волонтерите собираат средства и од граѓаните и од бизнис заедницата. Веќе ги испративме поканите до стопанствениците.Собраните средства се употребуваат за подготовка на пакети со храна кои се делат на лица евидентирани во Центарот за социјални работи,како корисници на социјална парична помош, а меѓу нив се одбираат оние на кои во дадениот момент им е потребна исклучителна помош, изјави секретарот на општинската организација Иле Митковски.
Волонетерите ќе ги промовираат начините на кои сите граѓани ќе може да донираат средства.
Митковски објаснува дека кумановци донираат средства, а особено добар одѕив има кај малите претпријатија во градот. Оваа традиционална активност се спроведува во средината на октомври, а пакетите со храна се делат на крајот од овој месец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Фатени 15 рибокрадци само во месец јануари
-
Преглед на вестите од светот
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот