-->
-->
Активности меѓу полицијата и децата во рамки на проектот „Мојот град" во Куманово
-->
Триесетина ученици од шесто до осмо одделние од општинското основно училиште „Толи Зордумис“, денеска во рамките на проектот „Мојот Град“ се запознаа со работните задачи на Секторот за внатрешни работи Куманово.
Учениците во придружба на своите професори по техничко образование од надлежните во полицијата имаа можност да слушнат од колку оддели се состои СВР Куманово, како функционираат практично, а беа запознаени и со одредени санкции кои што можат да бидат изречени на малолетни лица доколку сторат некое прекршочно или кривично дело. Децата покажаа солидно познавање на сообраќајните правила и прописи, а знаеја и дека освен за возрасните постои затворска установа односно поправен дом и за децата.
- Оваа година сме ние избрани во рамките на проектот да посетиме полиција. Имаме 15 ученици од македонска и 15 од албанска етничка припадност, изјави Станче Спасевска, наставник од ООУ„Толи Зордумис“.
Нејзиниот колега, Рамадан Мурати вели дека и покрај тоа што во предметот техничко образование сообраќајот е застапен со шест наставни единици и децата имаат одлични познавања на тематиката, сепак за децата многу поучно и поинтересно е да видат како Секторот за внатрешни работи функционира практично.
- Доста е интересен проектот, ние сме како мулти-култи програма која ги зближува децата да соработуваат меѓу себе. До денеска децата се плашеа од полицијата, но сега кога видоа дека полицајците имаат задача да ги заштитуваат тие го променија мислењето за институцијата, изјави Рамадан Мурати наставник од „Толи Зордумис“.
Со денешната активност завршува проектот „Мојот град“ кој всушност е дел од „ Безбедни училишта“, проект инициран од ОБСЕ за безбедност на учениците од основните и средните училишта на ниво на државата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски на поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија во Скопје
-
ЦУК: Активни четири пожари, два под контрола
-
Првиот клуб на починатиот фудбалер Жота ќе користи дрес со неговиот лик
-
Тројца убиени во руски напад во регионот Запорожје, вели регионалниот гувернер
-
Без струја дел од општина Карпош
-
На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
-
Гром удри на фудбалски натпревар во Србија, десет играчи паднале на теренот, од кои еден е тешко повреден
-
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи