Активниот туризам предизвик за земјите од Балканот
Меѓународното здружение за активен туризам вчера и денеска во Скопје ја одржа обуката AdventuraNEXT Base Camp со цел за обезбедување на дополнителна поддршка за развојот на активниот туризам на Балканот, а во пресрет на првата регионална конференција за активен туризам во Европа, под мотото „Знаење. Партнерство. Раст“, која ќе се одржи во Охрид од 10 до 12 мај оваа година.
Лела Крстевска од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија појасни дека обуката е организирана за туроператорите кои ќе присуствуваат на Конференцијата во Охрид со свои бизнис предлози.
- Сметаме дека сме ја погодиле вистинската мета за привлекување на странските туристи на ова поле. Промовирањето на Македонија во областа на активен туризам ќе се движи во таа насока што ќе дозволиме светот да дознае за нас и нашите убавини преку оваа Конференција, истакна Крстевска.
Кристофер Доил од Асоцијацијата за активен туризам АТТА појасни дека активниот туризам глобално преставува 263 милијарди долари и дека тој е најбрзо растечкиот сектор на глобално ниво.
- Активниот туризам во себе содржи три елементи. Првиот е физички а тоа се кајакарството, пешачењето, велосипедизмот...Вториот е поврзан со флората и фауната и третиот сегмент е поврзан со културата односно со откривање нешто што е автентично. Активните туристи остануваат подолго на дестинациите каде што патуваат и трошат повеќе пари каде што патуваат, истакна Доил.
Туризмот, според него, се дели на два дела, на масовен кој ги опфаќа крстарењата, прошетките...и активниот туризам кој е долгорочно решение за повеќе дестинации во светот. Проценката за масовниот туризам, појасни Доил е дека на секој долар 17 центи остануваат во дестинацијата каде што се случува посетата, а за активниот туризам проценката е дека 65 центи, односно 65 отсто од секој долар остануваат во туристичкото место.
На Конференцијата во Охрид ќе присуствуваат повеќе од 200 претставници од јавниот и приватниот сектор од 12 дестинации од Југоисточна Европа кои ќе се поврзат со веќе потврдени 45 меѓународни туроператори и 20 новинари од 16 земји. Конференцијата има за цел да го поттикне избивањето на Балканот како една од најдобрите и најнедопрените дестинации за активен туризам во Европа.
Ново на Сител
-
Притворот му бил укинат, па бил пратен во поправен дом - ОЈО се огласи за претходните дела на возачот
-
ОЈО бара притвор - Возачот кој ја усмртил Фросина немал дозвола, бил под дејство на алкохол и поминал на црвено
-
Средба на Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување: Неопходна е деполитизирана и департизирана постапка за помилување
-
Трамп: Воениот хеликоптер бил во „исклучително лоша“ позиција
-
Два автобуса со ослободени палестински затвореници стигнаа во Рамала
-
Србија: Пензионерите најавија протестна прошетка во поддршка на студентите на 5 февруари
-
Мицкоски: Прифаќаме минимална плата која ќе ja договорат работодавачите и работниците
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија