Активни шест пожари, еден под контрола, вчера 40 пожари на отворен простор
Центарот за управување со кризи информира дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 40 пожари од кои активни се шест пожари, а еден е под контрола.
Активе е пожарот меѓу селата Пештани – Кокре – Кален – Дуње – Бонче – Крушевица – Волково, кој се шири на три крака и тоа од селото Бонче кон селото Крушевица, превој Слива кон селото Чумово и кон селото Пештани. Гори нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума.
Според информациите на ЦУК, под контрола е пожарот во општина Чашка на планината Мукос кон селото Степанци, а во истата општина активен е пожарот кај селото Оморани и м.в. Кадиица – с.Ораов Дол каде гори мешана шума.
Активни пожари има и во општина Петровец меѓу селата Градманци, Брезница и Катланово, во општина Штип меѓу селата Хаџи Хамзали – Едеклерци – Топлик, полигон Криволак, во општина Чучер-Сандево меѓу селото Танушевци и м.в.Рамно и во општина Долнени кај селото Десово.
Ново на Сител
-

31 питомци и 28 слушатели на курсот за офицери дадоа свечена заклетва
-

Мајка го претепала 6-месечното бебе кое е хоспитализирано на Детска клиника
-

Мечка нападна човек во Долнени
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски: Акцијата за чистење на Скопје е успешна, собрани 4.500 тони смет
-

31 питомец и 28 слушатели од курсот за офицери и штабни службеници дадоа свечена заклетва во Воената академија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Борче Треновски универзитетски професор
