Активни пожари во струмичко и прилепско
На територија на државава активни се пожарите кај селото Доброшинци во општина Василево каде гори нискостеблеста шума и вегетација и над населбата Варош во општина Прилеп каде гори ниска вегетација.
Од Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информации од Регионалниот ЦУК Струмица, соопштуваат дека е направена обиколка на теренот и е утврдено дека нема активно горење. Од 05 часот, Територијалната противпожарна единица од Струмица со четири возила и 16 пожарникари се на терен и вршат догасување на местата што чадат.
- Доколку во текот на денот има потреба од дополнителни сили ќе се бара помош од ТППЕ Радовиш и воздухопловна поддршка од хеликоптер, информираат од ЦУК.
Во текот на изминатиот ден во интервенцијата учествуваа пожарникарите од ТППЕ Струмица со четири возила и 20 пожарникари, ТППЕ Радовиш со пет пожарникари и две возила и околу 25 полицајци, а беа активирани и двата хеликоптера на МВР.
Активен е и пожарот зад населбата Варош во општина Прилеп каде гори ниска вегетација. Активен е крак што се движи во насока на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ (манастирот „Траскавец“) кој се гаси во утринските часови и не претставува опасност за населените места. Пожарот почнал од пожар на патничко моторно возило.
Утрово, во 04:39 часот од градоначалникот на Прилеп е упатено барање до ЦУК за воздухопловна поддршка, што ќе се координира согласно ситуацијата на терен.
Во текот на изминатиот ден интервенирале 15 пожарникари со пет возила и една цистерна од ЈП „Комуналец“ Прилеп, кои пред полноќ биле повлечени од терен.
Во последното деноноќие целосно се изгаснати шест пожари на отворено.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат