Активни пожари во кумановските и селата од општина Старо Нагоричане Бељаковце, Стрезовце, Сув Ора и во Руѓинце
Активни се пожарите во кумановските и селата од Старо Нагоричане, информираа денеска од противпожарните единици. Пожар зафати поголема површина во кумановските села Облавце, Бељаковце, Стрезовце, Руѓинце, а се прошири и кон Сув Ора.
- Пожарот веќе два дена е активен и зафати поглема површина. На еден дел интервенираат пожарникари од Куманово, тука се и триесетина војници од армијата. Кај Сув Ора се пожарникарите од Старо Нагоричане, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.
Во текот на ноќта, како што претходно пренесе информации РЦУК Куманово евакуирани биле жители од десетина куќи од кумановските села Облавце, Бељаковце и Стрезовце поради опасност од пожари.
- Од СВР Куманово, во текот на ноќта во 21:42 часот известија дека во селата Облавце, Бељаковце и Стрезовце, општина Куманово има опасност од пожар за десетина куќи, полициски службеници заедно со пожарникарите почнаа да ги евакуираат луѓето од куќите, соопшти РЦУК Куманово. Активен е и пожарот кај Руѓинце.
Во текот на ноќта пожар имало и во Бедиње во близина на бензинска пумпа, на „Никола тесла“, во селата Тромеѓа иабановце. Таму горела сува трева, во Доброшане опожарена била бандера, веднаш биле известена ЕВН.
МИА
Ново на Сител
-
Путин: Американските санкции нема значително да влијаат врз руската економија
-
Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 120
-
Милосим Војнески се повлекува од изборната трка за градоначалник на Македонски Брод
-
Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари
-
На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути
-
Мицкоски: Нема предвремени избори, време е за голема офанзива на секој план, народот сака подобар стандард
-
ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори
-
Мицкоски: Да излеземе масовно на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок