Активни пожари на отворено до утрово нема, а на 112 во ЦУК имало 1.463 повици
Пожари на отворен простор во изминатото деноноќие нема, најверојатно заради влажното и врнежливо време, но пожарникарите сепак имале работа во урбаните средини, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.
-Во Скопско и во Охридско пожарникарите имале по една една помала интервенција на отворено. Во Тетовско во период од 18:40 до 20:15 часот со едно противпожарно возило и шест пожарникари гаснеле запален кров од ресторан во Тетово и пожарникарите од ТППЕ Гостивар во период од 16:20 до 17:10 часот со две противпожарни возила и шест пожарникари интервенирале на запален подрум од куќа во центарот на Гостивар, велат од ЦУК.
Според последниот извештај на Секторот Е-112 во ЦУК на Единствениот број за итни случаи до изминатото деноноќие имало 1.463 повици, најмногу од повиците биле упатени кон Полицијата (50,99 отсто) и Итната медицинска помош (41,58 проценти). Другите повици биле упатени кон Територијалните единици за противпожарна заштита, АМСМ, а ЦУК ги (од 3 до 10 отсто) решавал, координирал итните случаи за комбинирано дејствување. Како што посочуваат од ЦУК, притоа било потребно координирано да интервенираат и многу комунални и други претпријатија на општините и од други институции, служби и фирми, што се дел од Системот за управување со кризи (СУК).
Ново на Сител
-

Генералниот директор на СЗО изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор
-

Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе
-

Руското МНР ги предупреди странците да го напуштат Киев и најави серија напади врз конкретни објекти во градот
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија
-

Средба на српскиот премиер со претставници на македонското национално малцинство: Северна Македонија е братска земја
-

Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства
-

Нетанјаху признал дека тешко влијае врз Трамп во врска со Иран
-

МВР: Пожарот настанал во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, нема повредени
