Активисти тврдат дека на протест против мобилизација во Русија се испукани предупредувачки истрели
Полицијата во руската Република Дагестан испука предупредувачки истрели за да ги растера луѓето кои денеска протестираа против мобилизацијата на резервисти на армијата, информираа локални активисти.
Како одговор на нацрт-наредбата од претседателот Владимир Путин претходно оваа недела, жителите во селото Ендиреј ја блокираа улицата за да им оневозможат пристап на властите, соопшти веб-страницата за граѓански права OVD-Info. На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа како безбедносните сили пукаат во воздух, како и расправии меѓу жителите и полицијата, пренесе ДПА.
Протестот следеше откако 110 мажи од селото беа повикани да се приклучат на борбата во Украина, според извештаите на локалните медиуми. По минатонеделната најава за делумна мобилизација во војната на Русија против Украина, која започна на 24 февруари, има протести низ целата земја.
Според набљудувачите, Дагестан кој главно е населен со етнички муслимани, е меѓу руските региони од кои во моментов се мобилизираат најмногу мажи. Активистите се жалат дека припадниците на малцинствата се особено цел на кампањата за мобилизација.
Ново на Сител
-
Трамп го назначи Стивен Милер за заменик-шеф за политика во новата администрација
-
СДСМ: Mицкоски сака да го партизира судството
-
Стејт Департмент: Блинкен ќе се сретне со израелскиот министер Дермер, САД инсистираат на поголема хуманитарна помош за Газа
-
Израел соопшти дека Хезболах истрелал 165 ракети кон северен Израел
-
ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на починатото петгодишно дете
-
Откриена огромна мрежа на фалсификати во Италија, ги лажирале делата на Моне, Ван Гог…
-
Курти: Прво Бриселскиот, а потоа и Вашингтонскиот договор
-
Белата ајкула-дух пронајдена во близина на островот Сазан во Албанија го воодушеви светот