-->
-->
Активен пожарот кај росоманското село Крушевица
-->
Активен е пожарот кај росоманското село Крушевица, информираше попладнево градоначалникот Стојан Николов.
- Борбата со огнената стихија што ги зафати атарите на селата Мрзен, Сирково и Крушевица продолжува и денеска. Во моментов се вложуваат напори и за спас на Крушевица. Благодарност до сите доброволци, ТППЕ Кавадарци а огромна благодарност и за подршката од воздух со ер тракторите, без кои борбата би била уште потешка. Заедно ќе ја победиме и оваа битка, напиша Николов на Фејсбук.
Упати апел за одговорно однесување на отворен простор на овие високи температури, со цел намалување на заканите од пожари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство
-
Данска ја промени политиката – проширувањето на ЕУ и’ стана приоритет
-
Греко го затвори надзорот – Македонија со напредок во борба против корупцијата
-
Ахмети им даде по 3 места на Таравари и Села