Џет-Сет
19. January 2019 - 14:48

Актерката Бети Вајт го прослави 97. роденден играјќи покер

Комичарката Бети Вајт го прославии 97. роденден со торта и играјќи покер со пријателите.

Вајт, која е најпозната по улогата Роуз Нуланд во серијата „Златни девојки“, снима и денес филмови и реклами.

Таа е запишана во Гинисовата книга на рекорди како жена со најдолга телевизиска кариера во историјата.

Вајт на прашањето на што се должи нејзината долговечноста и виталноста одговори – „на вотка и хот дог“.