Македонија
31. August 2016 - 10:55

Aктерите од Демир Капија гостуваа во Крива Паланка со „Чорбаџи Теодос“

Актерите од аматерски драмски театар при Дом на Култура „Мирка Гинова “ од Демир Капија, синоќа на плоштадот „Карпошово востание“ пред Паланчани ја изведоа познатата македонска комедија „Чорбаџи теодос“ од Васил Иљоски.
 
-Претставата премиерно беше прикажана лани за нова година. Ова е шесто прикажување низ градовите во Македонија, а настапивме и на неколку фестивали надвор од државата. На Меѓународниот аматерски театарски фестивал во Тополовград, Бугарија во конкуренција од 11 држави и 18 театри ја освоивме третата награда за колективна игра, изјави Димче Bањански режисер на претставата.
 
До крајот на годината претставата ќе биде прикажана во Ниш и Алексинац, Република Србија.
 
-Театарот постои од 1953 година. Покрај тоа што годишно ние подготвуваме по една до две премиери, имаме и детско драмско студиот кое исто така го надополнува со две претстави драмскиот репертоар на Домто на култура „Мирка Гинова“, додаде Бањански.
Истакна дека дваесетчлената театраска екипа постојано се менува, а во неа членуваат разни профили актери-аматери кои, како што рече, освојуваат бројни награди и признанија на фестивали во земјава и Балканските држави.
 
Претставата е дел од програмата „Топол културен бран“ во организација на локалната самоуправа на општина Крива Паланка и националната установа Центар за култура , Крива Паланка, со поддршка на Министерствоза култура на Република Македонија.