Аксиос: Прашањето за териториите беше доминантна тема на разговорите меѓу Украина и САД во Флорида

Преговорите меѓу американската и украинската делегација во американската држава Флорида беа фокусирани речиси исклучиво на прашањето каде би се исцртала де факто границата со Русија како дел од евентуален мировен договор, изјавија за Аксиос двајца украински функционери.
Средбата, која траеше пет часа, беше оценета како „тешка“ и „интензивна“, но и продуктивна.
Американската делегација, пишува Аксиос, дојде на состанок во близина на Мајами со цел да се постигне напредок по прашањето за територијалната линија, за да може специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, тој напредок да му го претстави на рускиот претседател Владимир Путин на претстојниот состанок во Москва.
По воведната дискусија во проширен формат, разговорите беа стеснети на тројца функционери од двете страни, каде што практично единствената тема беше - линијата на демаркација, наведува порталот.
Од американска страна учествуваа Виткоф, американскиот државен секретар Марко Рубио и советникот и зет на Трамп, Џаред Кушнер.
Украинската делегација ја сочинуваа советникот за национална безбедност Рустем Умеров, началникот на Генералштабот, генерал Андриј Гнатов, и заменик-началникот на военото разузнавање Вадим Скибицки.
По завршувањето на главниот дел од преговорите, Умеров и Виткоф одржаа посебен состанок „еден на еден“, по што Умеров го информираше претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за резултатите од разговорите.
„Беше интензивно, но не и негативно. Навистина го цениме сериозниот ангажман на САД. Нашиот став е дека мора да направиме сè за да овозможиме успех на САД, без губење на територија и спречување на нова агресија“, рече еден од украинските функционери.
Важноста на темата е дополнително нагласена од ставот на рускиот претседател Владимир Путин, кој, според извештаите, инсистира дека Русија нема да се откаже додека не ја преземе целосната контрола врз регионот Донбас.
САД сакаат Украина да отстапи дел од територијата за да се постигне мировен договор, но таквата одлука би била многу болна и политички експлозивна во Киев.
Зеленски претходно сакаше директно да разговара со Трамп за териториите, но американскиот претседател рече дека повторно ќе се сретне со Зеленски или Путин само кога страните ќе бидат поблиску до договор.
МИА
Ново на Сител
-

Приведени четири украинки во полициска акција во тетовско, престојувале спротивно на целта
-

Возило изгоре после сообраќајка во близина на Кичево, тешко повредено 6-годишно девојче
-

Кривична за двајца струмичани, на сила одзеле 14.000 денари од 82-годишно лице
-

Адем Чучуљ избран за претседател на ДКСК
-

Герасимовски: Започна поставувањето на 30 дигитални уреди за бучава, 19 веќе се инсталирани во Центар
-

Во ноември отстранети 1 500 кубни метри отпад од диви депонии низ Скопје
-

Федерика Могерини официјално обвинета за измама и корупција
-

Камбовски: Судскиот совет е во тек и ги презема потребните дејствија да утврди дали има некаков пропуст кај судот за случајот „Дурмо турс“
