Ако треба и смртна казна за мојот син Владица! - се јави неговата мајка
Србија е згрозена од сознанието дека Владица Рајковиќ на прославата на првиот роденден на својата внука, во саботата на 9 јули со измама ја грабнал, сурово ја силувал и крвнички ја тепал до смрт Анѓелина Стефановиќ (3). Откако е приведен признал дека со голи раце ја задавил и Драгана Станковиќ, жената со која живеел, а нејзиното тело го завиткал во крвавиот јорган и го фрлил во реката Тимок.
-Мајката му е на средства за смирување. Плаче од неделата. Слушнав, рекла дека треба да се воведе смртна казна, ако може, би требало, откриваат соседите на ова семејство.
Мажот на Зорица, како што велат соседите му се јавувал на Рајковиќ да дојде кај нив во Ресник, и му нудел пари, но тој не сакал.
-Пред десетина година, колку што знам одеше во Белград да ја запознае полусестрата, но се зборува дека не сакал да ја види мајка си. Знам и дека Перица, другиот брат бил во постојан контакт со полусестрата додека не се оженил, додава соседот.
Тој наведува дека мајката не ги напуштила, туку морала да си замине, зошто таткото на Рајковиќ бил насилен.
-Слушнав дека Зорица нема ниту една слика од детството со Владица и Перица, своите синови од првиот брак, зијави соседот.
Ново на Сител
-
Во Прилеп се оддржа „Палачинкијада“ и се прогласи првенци на генерација
-
Преглед на вестите од светот
-
ЗНАМ ги соопшти имињата на новите министри
-
Tема на денот со Кирил Барбареев, универзитетски професор
-
Милошоски, Бендевска и Митрески избрани за потпретседатели на Собранието
-
Факултетот на Мерко се уште нема акредитација, а веќе се објавени условите за упис
-
Двојно убиство во Кратово: Жена ги избодела сопругот и свекорот
-
Лога: Уште сум против работата на Судски, ама разрешување не е решение