Ако се воведе ембарго на руската нафта, Русија ќе го затвори гасоводот кон Европа

Стравувањата од енергетска војна меѓу Русија и Западот се зголемија денеска откако САД притискаат свои сојузници да забранат увоз на руска нафта како казна за инвазијата на Москва врз Украина, каде што денеска се очекува да профункционираат хуманитарни коридори.
„Имаме целосно право да донесеме соодветна одлука и да воведеме ембарго за транспорт на гас преку гасоводот Северен поток 1“, изјави синоќа рускиот вицепремиер Александар Новак.
Новак, исто така, предупреди дека цената на нафтата може да биде до 300 долари за барел доколку САД и нивните сојузници го забранат увозот на руска нафта, клучен извор на приходи откако земјата беше ефективно замрзната од западните финансиски пазари.
Сепак, аналитичарите на Банката на Америка тврдат дека ако поголемиот дел од извозот на нафта на Русија биде прекинат, би можело да има недостиг од 5 милиони барели дневно или повеќе, што ќе ги зголеми цените и до 200 долари.
Цените на нафтата вчера забележаа близу највисоките нивоа во последните 14 години, при што фјучерсите на суровата нафта брент пораснаа за 1,06 долари или 0,9 отсто, на 124,27 долари за барел откако се тргуваше до 125,19 долари.
Американскиот претседател Џо Бајден одржа видео-конференција со лидерите на Франција, Германија и Велика Британија вчера кога се заложи за нивна поддршка за забрана на увозот на руска нафта.
Според западни медиум кои се повикуваат на извори, САД ако е потребно ќе ја спроведат таа мерка без сојузници во Европа, иако многу земји на континентот во голема мера зависат од руската енергија.
Руската инвазија, најголемиот напад врз европска држава од Втората светска војна, создаде 1,7 милиони бегалци, низа санкции кон Москва и стравувања од поширок конфликт.
Ново на Сител
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
