Ако мислевте дека богатите деца од Инстаграм се разуздани, погледнете им ги родителите

Богатите родители на Инстаграм е профил кој е отворен неодамна, а на него може да се видат како богатите мајки и татковци го трошат своето богатство. Иако многу доцнат зад своите деца со фалењето на социјалните мрежи, богатите родители покажале дека се еднакво неумерени како и нивните деца.
На профилот „Rich Parents of Instagram“ може да се видат фотографии од родители кои се фалат со своите приватни авиони, скапи часовници кои им ги подариле на своите деца, новите автомобили, но и забавите на кои најскапото шампањско тече во потоци, иако некои шишиња чинат и до 100.000 долари.
Кога сфатил дека постои само профил за богатата младина, морал да направи и простор во кој богатите родители може да се фалат со своето богатство.
– Секогаш се се врти околу богатите деца па одлучив да направам нешто поразлично – тврди авторот на профилот кој себе си не се опишува како богат родител.
Покрај една фотгорафија на која два часовника се украсени со дијаманти, таткото својот син го нарекува разгалено детиште, бидејќи синот покрај фотографијата напишал: „Барав јахта, но… Благодарам тато“.
На друга фотографија се наоѓа новото Порше на еден богат татко, а на трета фотографија татко од ресторан за брза храна порачува:
„Би можел да пробам храна за селани“.
На една фотографија се наоѓаат расфрлани банкноти, покрај кои пишува :„Мама ја чисти својата чанта“.
Интересно е што фотографиите ги испраќаат самите богати родители, преку мејл или преку порака на Инстаграм, а досега овој профил привлекол 7.400 слебеници.
Нивните деца со пари си ги бришат чевлите, разуздани се и безобразни и предизвикаа голем гнев кај интернет-заедницата.







.jpg)

Ново на Сител
-

Над 136 илјади туристи ја посетиле земјава во септември, најбројни од Турција, Србија, Германија и Полска
-

Седница за опозициски прашања во Собранието
-

Облачно и топло со утринска магла
-

Хет-трик на Стефан Ристиќ за голема победа на македонската репрезентација до 17 години над Унгарија
-

Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација
-

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
-

Мицкоски: Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
