Ако Македонија не добие Влада следната недела, ЕП ќе го одложи гласањето за Резолуцијата
Европскиот парламент ќе го одложи гласањето на пленарна седница за Резолуцијата за Република Македонија, доколку земјата следната недела не добие Влада, јавува дописникот на МИА од Брисел.
Високи официјални лица на Европарламентот, во изјава за МИА потврдија дека европратениците не сакаат да ја усвојат Резолуцијата што претходно ја изгласа Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на ЕП на пленарнаа седница во Стразбур, закажана за 14 и 15 овој месец, доколку дотогаш нема некаква разврска на македонската политичка сцена.
- Иако на пленарната седница во Европскиот парламент во Стразбур на 14 и 15 март требаше да ги изгласаме rезолуциите за сите држави од Западниот Балкан, сепак, официјално е веќе одложено гласањето за Резолуцијата за Србија, поради нашата желба да не влијаеме на претседателските избори во оваа земја што ќе се одржат на 2 април. Ист е случајот и со Македонија. Ако до 13-ти овој месец нема разврска, односно избрана нова Влада, тогаш и Резолуцијата за Македонија ќе биде одложена и заедно со српската ќе бидат гласани на пленарната седница на ЕП следнио месец, информираше висок претставник на Европарламентот, инсистирајќи на анонимност.
Со 54 гласа за и само осум против, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент минатата недела ја усвои предлог-Резолуцијата за напредокот на Република Македонија во европските интеграции во 2016 година, каде по осми пат препорача отворање на пристапните преговори за влез во Европската унија. Но, за Резолуцијата да биде полноважечка, потребно е и целиот состав од 751 европратнеик да гласа за неа, што се прави на пленарна седница што се одржува еднаш во месецот.
Ново на Сител
-
Ахмети: Груби не е во бегство, но нема да се појави пред одмаздничка правда
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциска комисија
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство
-
Шверцувале скапи автомобили од ЕУ и ги продавале во земјата - Кривична постапка против 10 лица за кримучарење возила
-
Одземен му е пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ, тој не се чувствува виновен
-
Засилени безбедносни мерки во Охрид
-
Празнична сезона во Крушево
-
Хуманитарна акција во Берово