Акдоган: Напредувањето на сириските Курди на запад од Еуфрат, претставува „црвена линија" за Анкара
Турскиот вицепремиер Јалчин Акдоган изјави денеска дека напредувањето на сириските Курди „Сили за заштита на народот“ на запад од реката Еуфрат во Сирија, претставува „црвена линија" за Анкара.
- Станува збор за прашања кои влијаат на националната безбедност на Турција. Турција не е нација која ќе гледа што се случува со скрстени раце, посочи Акдоган пред телевизија Канал 7.
Анкара е загрижена поради напредувањето на сириските курдски сили на запад кон градот Азаз.
Турската армија веќе втор ден ги гранатира позициите на курдските борци на сириска територија како одговор на стрелбите кои доаѓаа токму од овие позиции, соопшти денеска агенцијата Анадолија.
Турската агенција прецизира дека позиции на сириската курдска Партија „Демократска унија" во околината на сирискиот град Азаз во провинцијата Алепо биле гаѓани со минофрлачи од турската страна на границата.
Дамаск веднаш го осуди турскиот напад во северна Сирија и побара ОН да реагира, пренесе БТА.
Анадолија не соопштува детали за бомбардирањето, но воени извори, цитирани од турските медиуми, посочија дека нападот почнал во 07.00 часот по Гринич.
Турските сили ќе продолжат да ги бомбардираат позициите на партијата „Демократска унија" во Сирија, се додека таа стрела кон позициите на турската армија, истакнале цитираните извори.
Турција ја смета партијата „Демократска унија“ и нејзиното воено крило - Сили за заштита на народот за терористички организации, тесно поврзани со Курдската работничка партија.
Вашингтон, кој синоќа побара од Анкара да престане собомбардирањето, се повеќе се потпира на сириските курдски борци во борбата против групата „Исламска држава".
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање