Акциска контрола во Скопје: Казнети 99 возачи, приведени двајца малолетници, санкции за угостителски објекти
На 09/10.08.2025 година во периодот од 18.00 до 02.00 часот полициски службеници од СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот како и во насока на одржување на поволна безбедносна состојба на подрачје на град Скопје. При тоа констатирани се 99 сообраќајки прекршоци, од кои 11 возила се подигнати со специјално возило "Пајак", одземени се две возила поради предизвикување голема бучава, приведени се две малолетни лица за утврдување на идентитет, незастанување на даден знак Стоп и возење без возачка дозвола. Лишени од слобода се четири лица бидејќи при преглед кај нив биле пронајдени наркотични средства, соопшти МВР.
Во координација со инспектори за животна средина извршено е мерење на јачина на бучава на угостителски објекти. При тоа констатирано е дека два Угостителски објекти во централно градско подрачје го нарушиле јавниот ред и мир со пуштање на гласна музика и на истите им се сочинети за записници за констатирани прекршоци.
Исто така во текот на изминатата вечер контролирани се и угостителски објекти во координација со Државен пазарен инспекторат при што е извршена контрола на документацијата.
Ново на Сител
-
ЦУК: 27 пожари на отворен простор, активни два и еден под контрола
-
Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа
-
Дачиќ за вчерашните протести: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир
-
Сончево утро, нестабилно попладне
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје