Акциска контрола на МВР во Скопје за сузбивање на „дивите тркачи“
Во рамки на акциска контрола на подрачјето на Скопје за откривање и санкционирање на т.н. „диви тркачи“ полицијата презела мерки против 34 возачи. Притоа 19 возила се упатени на вонреден технички преглед поради зголемена бучавост и 15 се упатени на вонреден технички преглед поради поставени фолии без атест. Од возилата што се упатени на вонреден технички преглед поради зголемена бучавост, четири мотоцикли се задржани во полициска станица.
По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, кон возачи преземени се вкупно седум мерки за сторени сообраќајни прекршоци.
Акцијата на полицијата била спроведена во периодот од 17:30 часот на 17 март до 01:00 часот на 18 март од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје.
Министерството за внатрешни работи и во наредните денови ќе продолжи со засилени контроли со цел санкционирање на оние што ги кршат законите и ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Ново на Сител
-
Какви последици може да имаат злоупотребите во Академијата за судии и јавни обвинители?
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали врховен судија посредувал за прием и полагање на кандидати за судии и обвинители?
-
Поништени пресметките на претходниот балансер, зголемен процентот на Македонци, намален на Албанци
-
Мицкоски и Меџити во одбрана на владиниот легитимитет за првите 30 дена
-
ДУИ не чувствуваат одговорност за измените на Кривичниот законик, ВРЕДИ ги повикаа да признаат дека згрешиле
-
Српски полицајци ќе патролираат во Охрид