Македонија
6. October 2017 - 8:34

Акција за собирање кабаст отпад во општина Аеродром

Општина Аеродром во соработка со јавното претпријатие „Комунална хигиена“ денеска и утре ќе реализира акција за собирање кабаст отпад.

Акцијата денеска ќе се одвива во Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“, населбата Лисиче и Горно Лисиче. Граѓаните кои имаат кабаст отпад, од 7 до 9:30 часот ќе можат да го остават пред своите домови, куќи или згради.

Општина Аеродром потсетува дека е потребно да се внимава отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата и местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“ за тие да можат непречено да го соберат отпадот.

Акцијата в сабота ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово и Јане Сандански во истиот временски период, од 7 до 9:30 часот.

Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и за садови, бојлери и слични предмети), електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), но не и градежен шут.